Нема сомневање: Подобрениот квалитет на внатрешниот воздух има значајно позитивно влијание на благосостојбата и здравјето. Тоа помага да се зголемат когнитивитеперформанси, и води кон подобар ноќен сон.

Асоц. Проф. ДИ Др.Ханс-Питер Хутер, Медицински Универзитет Виена

Кои се основните правила за здраво живеење?

Истражувањето покажа дека 3 важни области мора да се земат во предвид кога сакате да изградите здрава куќа.

Термо изолацијата на прво место

Добрата изолација обезбедува избалансирана внатрешна клима и го зголемува целокупниот животен комфор.

Неизолираните куќи требаат 2.5пати повеќе енергија во споредба со изолираните. Со други зборови, во една изолирана куќа ви треба само 40% од актуелната потрошувачка на енергија.

* With reference to the outer walls with same roof and floor insulation.

Масата е важна

Масата на ѕидот служи како енергетски штит. Куќите со добра изолација и масивни ѕидови најдобро заштедуваат енергија и оптимално ги изедначуваат краткотрајните температурни промени. Не е важно дали станува збор за топли или ладни денови.

Се разбира, може да постојат индивидуални потреби за секој градител:

  • Цигла и малтер најдобра контрола на климата
  • Бетон и малтер обезбедува добра звучна изолација и заштита од електросмог
  • Цврсто дрво е добро за звучна изолација и за регулација на внатрешната клима

Внатрешните вредности се важни

Клима внатрешни малтери со 2 цм дебелина даваат значителен придонес во регулацијата на влажноста во воздухот од внатрешните ѕидови и го намалуваат развојот на организмите штетни по здравјето. Луѓето се чувствуваат најудобно при влажност на воздухот во граници помеѓу 40% - 60%.